Во прекин товарниот и патничкиот железнички сообраќај
Блокадата ќе продолжи до исполнувањето на барањето за зголемување на коефициентот за работните места, исплата на вториот дел од платата за април како и гаранција дека во јуни ќе ја примиме и мајската плата, изјави Чакаровски од синдикатот на оваа компанија.

Во прекин е железничкиот товарен и патнички сообраќај, штрајкува машинскиот персонал во Македонски Железници. Денеска е пропуштен единствено експресниот воз Белград- Скопје- Солун.
Блокадата ќе продолжи до исполнувањето на барањето за зголемување на коефициентот за работните места, исплата на вториот дел од платата за април како и гаранција дека во јуни ќе ја примиме и мајската плата, изјави Чакаровски од синдикатот на оваа компанија.
Ресорниот министер во владата, Сугаревски најави изнаоѓање соодветни долгорочни решенија за состојбите во желеничкиот сообраќај во земјава.
