Нов контингент словачки полицајци на јужната граница

06.06.2017 10:51

Досега Словачка испратила 190 полицајци во мисиите на македонската граница со Грција...

Петнаесет словачки полицајци пристигнуваат во Македонија и тие ќе се распоредта на јужната македонска граница во областа на Гевгелија, како дел од европскиот безбедносен контигент за контрола на илегалната миграција.

Тие ќе бидат опремени со теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање.

Досега Словачка испратила 190 полицајци во мисиите на македонската граница со Грција, информираат од Словачката амбасада.