Руско МНР: Наводите на „Гардијан“ за руска вмешаност во Македонија се провокација

06.06.2017 10:54

Тоа според официјална Москва е префрлање на одговорноста за кризата во земјата што е финансирано од одредени американски државни структури, тврдат во руското министерство.

Руското министерство за надворешнио работи тврди дека наводите на британски „Гардијан“ за руска вмешаност во 10 годишен застој на Македонија во атлантските интеграции е обична провокација.

Тоа според официјална Москва е префрлање на одговорноста за кризата во земјата што е финансирано од одредени американски државни структури, тврдат во руското министерство.

„Гардијан“ инаку објави дека руски шпиони и дипломати во соработка со домашни соработници, 10 години ширеле пропаганда против НАТО во Македонија.