Египет го затвори воздушниот простор за авионите на Катар

06.06.2017 11:53

Неколку земји ги прекинаа односите со официјална Доха поради наводно поддржување на тероризмот во заливскиот регион.

Египет го затвора воздушниот простор за авионите на Катар поради дипломатскиот спор, а се очекува истото и од Саудиска Арабија и Бахреин.

Неколку земји ги прекинаа односите со официјална Доха поради наводно поддржување на тероризмот во заливскиот регион.

Државјаните на Катар кои се во Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Саудиска Арабија добија рок од две недели да си заминат.