100 лица повредени во новите судири во Венецуела

06.06.2017 12:11

Во протестите кои почнаа во април досега загинаа 65 луѓе.

Околу 100 лица се повредени во новите судири меѓу антивладините демонстранти и полицијата во венецуелската престолнина Каракас.

Меѓу нападнатите имало и новинари. Во протестите кои почнаа во април досега загинаа 65 луѓе.

Граѓаните се незадоволни од политиката на социјалистичката Влада на претседателот Николас Мадуро. Венецуела се соочува со сериозна економска криза.