Над 40 компании бараат работници на Саемот за вработување во Битола

06.06.2017 13:14

На денешниот Саем за вработување во Битола, 40-ина компании од пелагонискиот регион ги претставија своите потреби од соодветни кадри за вработување, а преку апликативните листови ги прибраа податоците за стручната спрема и квалификации на барателите на работа. Ваквите манифестации и другите олеснителни пакет мерки, неврабореноста во Битола ја сведоа на 5.500 невеаботени лица.

За последниве три години по втор пат, понудата и побаруваачката на работна сила на дирекна средба. Едните да кажат кои кадри им се потребни, а другите, согласно со својата стручна подготовка да одлучат каде ќе биде испратена апликацијата. Миле Шаревски веќе петта година егзистенцијата ја обезбедува преку сезонски ангажмани. Вели, ваквите манифестаци даваат надеж дека квалитетниот работник може да биде препознаен.

„Мислам преку ваквите настани невработените имаат повеќе шанси и подобро да видиме што компаниите бараат. Според она што го видов и стручната подготовка што ја имам, мислам дека мојата апликација ќе одговара на потребите на Кронберт и Шуберт“, вели невработениот Миле Шаревски.

За позитивни искуства класичен пример е битолската ИТ компанија „Ајсорс“. За седумте години постоење преку саемите и низата олеснителни пакети, најгорливото прашање тука го решиле доста млади луѓе.

„ИТ секторот е динамичен и затоа имаме постојани потреби од надоградување на кадарот, а дирекните средби ни овозможуваат да ги препознаема најквалитетните“, вели претставничката на ИТ компанијата, Елена Стојановска.

Активности кои имаат свој придонес во намалувањето на стапката на невработеност. Според статистичките податоци во Битола има 5.500 активни баратели на работа. Поголем дел се со ниско образование, велат од битолскиот Центар за вработување.

„На огласите најмногу се бараат кадри со средна стручна спрема, како што се шофери, монтери, продавачи, хигеиничари, но постојат и огласи за работни места со високо образование“, вели раководителот на битолскиот Центар за вработување, Јешим Сејфуловска.

На Саемот за вработување свои штандови имаа 40-ина компании од повеќе општини на Пелагонискиот регион како и фирми од Скопје.

Стевче Митревски