Пречек на ракометарите на Вардар: Плоштадот „Македонија“ преполн

06.06.2017 13:29

Ракометарите на Вардар се очекува наскоро да пристигнат на плоштадот „Македонија“ каде илијадници граѓани се собраа да ја прослават европската титула.

Сѐ е подготвено за пречек на европските ракометни шампиони. Ракометарите на Вардар се очекува наскоро да пристигнат на плоштадот „Македонија“ каде илијадници граѓани се собраа да ја прослават европската титула.

Европските шампиони беа пречекани на аеродромот „Александар Велики“ од голем број навивачи меѓу кои беа градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

По првичните честитки, новиот ракометен европски шампион, Вардар веќе е на пат кон плоштадот „Македонија“ каде е организирана голема прослава по повод големиот успех.

Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа континентален првак.

Македонската телевизија врши директниот пренос на организираната прослава на европските прваци на првиот програмски сервис. Преносот може да го следите на овој ЛИНК.