Бугарија

И натаму останува да владее Владата на Пламен Орешарски

12.02.2014 11:42

Ова е трет пат Владата на премиерот Пламен Орешарски да „преживее“...

Бугарската влада „преживеа уште едно гласање за  недоверба што го предложи опозицијата, која  обвинуваше дека Владата  не успеала да се справи со големиот прилив бегалци и раст на криминалот. Од 240 пратеници во парламентот, предлогот за изгласување недоверба го отфрлија 116 пратеници, додека 93 беа „за“.

Ова е трет пат Владата на премиерот Пламен Орешарски да „преживее“ гласање  недоверба од мај минатата година, кога беше избрана. 

 

Лидија Чакар