Ракометарите на Вардар пристигнаа на плоштадот „Македонија“
Eвропскиот шампион од аеродромот „Александар Велики“ па сѐ до Порта Македонија беше следен од илјадници возила во кои беа навивачите кои први ги дочекаа своите херои.

Ракометарите на Вардар пристигнаа на плоштадот „Македонија“, каде илијадници граѓани се собраа да ја прослават европската титула. Европскиот шампион од аеродромот „Александар Велики“ па сѐ до Порта Македонија беше следен од илјадници возила во кои беа навивачите кои први ги дочекаа своите херои.
Колоната возила на чие чело беа новите европски шампиони беше поздравувана од многу граѓани кои излегоа на улиците, беа на мостовите, на терасите на зградите, на градежни објекти, истакнувајќи македонски знамиња и знамиња со боите на Вардар, црвено-црни.
Скопскиот плоштад е преполн со луѓе кои ги очекуваат своите миленици да се качат на бината.
Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа континентален првак.
Македонската телевизија врши директниот пренос на организираната прослава на европските прваци на првиот програмски сервис. Преносот може да го следите на овој ЛИНК.
