ВМРО-ДПМНЕ: СДС креира лажни вести
06.06.2017 15:18
Последното тврдење за луксуз на ентериерот во владата е неточно бидејќи реконструкцијата е завршена пред две години. Лажни се вестите дека во во објектот имало позлатени чешми, скапи тоалети.

СДС креира лажни вести преку нивните медиуми и ја манипулира јавноста и граѓаните, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Последното тврдење за луксуз на ентериерот во владата е неточно бидејќи реконструкцијата е завршена пред две години. Лажни се вестите дека во во објектот имало позлатени чешми, скапи тоалети.
На медиумите блиски до владата се злоупотребени слики од елитни хотели низ светот, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за црна пропаганда против нашата партија, дополнуваат во ВМРО-ДПМНЕ.
