Патот Тетово- Јажинце сѐ уште во прекин
Во прекин е патот Тетово- Граничен премин Јажинце поради излевањето на Поројска Река. Овој проблем датира одамна. Една од причините е преголемата урбанизација во речното корито.

Село Порој продолжува да го живее кошмарот од невремето кое го зафати тетовскиот регион. Големи штети од малата Порјска река почувствуваа жителите на селото Порој кое е само на неколку километри од Тетово. Половина е отсечено поради урнатиот мост.
Населението е без вода за пиење. Бараат помош од Владата бидејќи самите не можат да се справат со расчистувањето на теренот. Стравуваат за своите животи и имот поради нови врнежи.
Продолжува расчистувањето на теренот со механизација. Од тетовскиот Кризен штаб апелираат на внимателност при движењето.
Штетите од невремето, допрва ќе се утврдуваат. Комисиите ќе излезат на терен, откако ќе се расчисти. Патот Тетово- Јажинце и натаму е во прекин.
Наташа Гркова- Петрушевска
