Метео: Сончево и топло, попладне локална нестабилност
06.06.2017 15:35
Кон крајот на денот и ноќта кон четврток на места ќе има поизразени процеси локално во форма на невреме со појава на град и засилен ветер.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Кон крајот на денот и ноќта кон четврток на места ќе има поизразени процеси локално во форма на невреме со појава на град и засилен ветер.
Од четврток попладне се очекува постепено стабилизирање на времето.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
