Владата иницира постапка за разрешување на Зврлевски
Владата донела одлука предлогот за разрешување на републичкиот jавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење.

Владата иницира постапка за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Во образложението, Владата наведува дека предлогот за разрешување е поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби.
На денешната владина седница разрешен е досегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Република Македонија, Васе Доневски, а на негово место именуван е Пеце Мирчески.
По вчерашното невреме и излевањето на Поројска река, Владата задолжила неколку министерства за брзо формирање комисија која што ќе излезе на терен за брзо утврдување на настанатите штети, Министерствата за транспорт и врски и за животна средина да изготват подетална информација за теренската состојба околу Поројска река, со цел трајно решавање на проблемот за жителите од овој реон.
