Груевски во дводневна посета на Брисел

06.06.2017 16:30

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средаба со првиот човек на најбројната партија во Европскиот парламент, Жозеф Дол, на која се дискутирало за очекувањата и европската иднина на нашата држава, а секако и актуелните случувања во земјата...

Размена на информации и лобирање за напредок во евроинтеграцискиот пат на Македонија е во фокусот на дводневната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Брисел. Тој денеска оствари средаба со првиот човек на најбројната партија во Европскиот парламент, Жозеф Дол, на која се дискутирало за очекувањата и европската иднина на нашата држава, а секако и актуелните случувања во земјата.

„Секако да ги реафирмирам нашите позиции за членство во НАТО и ЕУ, да укажам на тоа дека Македонија предолго чека, дека тоа не е добро за државата, ниту за регионот. Укажав на сите значајни моменти, и на тоа да се размисли за што побрзо поканување на Македонија да ги одпочне преговорите“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на покана на Европските народни партии, денеска имаше обраќање на конференцијата Западен Балкан, која се одржува во Европскиот парламент.

Во текот на утрешниот ден, Груевски ќе оствари билатерални средби со голем број на европратеници, а предвидено е да се сретне и со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ