Отворена програма на МРТ1 од 20:15 - прво соочување на премиерот Заев со јавноста

06.06.2017 17:12

Во отворената програма на јавниот сервис се поканети уште девет медиуми. Ќе се бараат одговори за идното функционирање на новата влада...

Вечер на Македонската телевизија со почеток од 20 часот и 15 минути, прво соочување со јавноста на премиерот Зоран Заев. Во отворената програма на јавниот сервис се поканети уште девет медиуми.

Ќе се бараат одговори за идното функционирање на новата влада, на прашања поврзани со внатрешната и надворешната политика, и економијата.