Претпладне сончево, попладне локален дожд и грмежи

07.06.2017 08:29

Кон крајот на денот се очекува на повеќе места да има поизразена нестабилност која ќе биде проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на град, наместа процесите ќе бидат изразени и во форма на невреме.

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу  пладне и попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи. 

Кон крајот на денот се очекува на повеќе места да има поизразена нестабилност која ќе биде проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на град, наместа процесите ќе бидат изразени и во форма на невреме.

Во Скопје околу пладне и попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 16 до 31 степен.

До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Ќе дува засилен северен ветер.