Хондурас суспендира осум свои конзули во САД

12.02.2014 12:00

Суспензијата на конзулите е реакција на пишувањето во медиумите за нивен поткуп од 50 долари за издаден документ...

Претседателот Хуан Орландо Хернандез покрена истрага против осум од 10-те конзули на Хондурас во САД поради незаконско издавање лични документи. 
 
Конзулите се акредитирани во Атланта, Чикаго, Далас, Хјустон, Лос Ангелес,Мајами, Њу Орлеанс и Њујорк.  Суспензијата на конзулите е реакција на пишувањето во медиумите за нивен поткуп од 50 долари за издаден документ.  
 
Според пописот од 2011, околу 700 илјади лица по потекло од Хондурас живеат во САД.  
 
Ова е втора ваква афера во САД за месец  дена, по онаа со конзулката на Индија којашто дала лажна изјава за вработување на својата помошничка. Претседателот Барак Обама најави дека САД планираат да легализираат 20 милиони имигранти годинава.