ФБИ: Руски хакери стојат зад кибер- нападот во Катар
07.06.2017 10:22
Поради хакирањето беа објавени неточни информации и лажни изјави од емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани.

Истражители од ФБИ сметаат дека руски хакери стојат зад кибернетичкиот напад врз катарската новинска агенција, што се случи кон крајот на мај.
Поради хакирањето беа објавени неточни информации и лажни изјави од емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани.
Според ФБИ, Русија сакала со ова да предизвика тензии меѓу САД и сојузниците.
