Ердоган и Путин сметаат дека изолирањето на Катар нема да ја реши кризата
Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет и Јемен, и привремено Владата на Либија, Малдивите и Маврициус ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го дека поддржува исламски екстремисти и шиитски Иран.

Турција и Русија бараат решение за дипломатскиот спор во заливскиот регион. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека изолирањето на Катар, вклучително и наложувањето на санкциите, нема да ги реши проблемите. Рускиот претседател Владимир Путин побарал дијалог.
Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Египет и Јемен, и привремено Владата на Либија, Малдивите и Маврициус ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го дека поддржува исламски екстремисти и шиитски Иран.
Неколку земји ги прекинаа и транспортните врски.
