Џорџ и Амал Клуни добија близнаци
07.06.2017 11:27
Џорџ Клуни и неговата сопруга, познатата адвокатка Амал, вчера станаа родители на близнаци, момче и девојче, потврди нивниот претставник за медиуми.
Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни и неговата сопруга, познатата адвокатка Амал, вчера станаа родители на близнаци, момче и девојче, потврди нивниот претставник за медиуми.
„Ова утро Амал и Џорџ им посакаа добредејде во својот живот на Ела и Александар Клуни. Ела, Александар и Амал се здрави и се чувствуваат добро. Џорџ е под седативи и се очекува да се опорави за неколку дена“, наведе синоќа публицистот на двојката Стен Розенфилд.
