Постигнат договор- железничкиот сообраќај се нормализира
Според договореното, како што информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, со Синдикатот на машинскиот персонал, коефициентот на сложеност на работно место ќе изнесува 2,85, а висината на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа за викенд ќе се исплаќа повторно...

Прекината е блокадата на железничкиот сообраќај. Според договореното, како што информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, со Синдикатот на машинскиот персонал, коефициентот на сложеност на работно место ќе изнесува 2,85, а висината на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа за викенд ќе се исплаќа повторно, како на износот од пред стапувањето во сила на антикризните мерки.
Барањата поради кои машиновозачите во изминатите два дена го блокираа домашниот патнички и товарен сообраќај, според вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев биле легитимни.
„Ги разбравме нивните проблеми, имавме подлабоки разговори со нив и ги разбравме малку пошироко проблемите со кои се среќаваат во работата. Мислам дека постигнавме солиден договор, не само сега туку и во иднина да имаме отворен разговор со сите синдикати вклучително и со Синдикатот на машиновозачите, да ги решаваме и разбираме проблемите кои ги имаат“, изјави Анѓушев.
Вицепремиерот најави поширока дискусија за решавање на сите проблеми без оглед на кој дел од работничкиот сектор се однесуваат.
