Бејли: САД и понатаму ќе ја поддржува Македонија за влез во НАТО
Според американскиот амбасадор во земјава, реформите кои сега се донесуваат се многу важни во однос на владеењето на правото.

САД и натаму ќе ја поддржува Македонија за влез во Алијансата, но мора да се направат одредени измени во правната регулатива и нејзина имплементација- став на американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.
„САД од секогаш ја поддржувале Македонија и Букурешкиот договор, поддржуваат заеднички профатливо решение. Добро е тоа што Македонија има разговори со Грција и со другите земји од соседството. Јас нема да бидам оној кој ќе зборува за исходите, за нив ќе зборуваат партнерите“, рече амбасадорот Бејли.
Според него, реформите кои сега се донесуваат се многу важни во однос на владеењето на правото. Допрва треба да дискутираме со новата Влада и со членовите на општеството, и со опозицијата, за чекорите кои ќе ги преземаме- нагласи Бејли.
