Ракометарите на Вардар на прием кај премиерот Заев
Заев им додели свечена плакета на ракометните шампиони, носители на еден од најголемите спортски успеси во историјата на Македонија.

Претседателот на Владата, Зоран Заев ги прими ракометарите на Вардар. Заев им додели свечена плакета на ракометните шампиони, носители на еден од најголемите спортски успеси во историјата на Македонија.
„Успехот кој вие го постигнавте е најголемата промоција која Македонија може да ја има во светот. Ова ваше дело е само мотив повеќе за новата Влада за засилено темпо инвестиции во спортот. Сето ова води кон насока и за нова законска регулатива за комплетно подобрување на ситуацијата во македонскиот спорт“, истакна премиерот Заев.
Сопственикот на ракометниот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко, на премиерот му даде златен медал од Лигата на шампиони.
Вардаровите момци Медал за заслуги вчера добија од претседателот Ѓорге Иванов.
Илјадници луѓе на плоштадот „Македонија“, вчера ги дочекаа ракометарите со шампионската титула. Граѓаните го славеа пехарот на Лигата на шампионите, за прв пат во главниот град.
