Средба Тевдовски- Жбогар: Поддршка од ЕУ за реформите

07.06.2017 14:02

Тема на средбата беа идните приоритети и реформи кои треба да ги спроведе Република Македонија во насока на евроинтегративните процеси. Од страна на претставниците на ЕК беше изразена поддршка за реформските приоритети на Владата во насока на интеграција на земјава во ЕУ- соопшти Министерството за финансии.

Економскиот тим на Министерството за финансии денеска се сретна со делегација на Европска комисија, предводена од евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тема на средбата беа идните приоритети и реформи кои треба да ги спроведе Република Македонија во насока на евроинтегративните процеси. Од страна на претставниците на ЕК беше изразена поддршка за реформските приоритети на Владата во насока на интеграција на земјава во ЕУ- соопшти Министерството за финансии.

Било дискутирано и за подобрување на координацијата, како би се зголемило ползувањето и искористеноста на европските (ИПА) фондови во земјава.

Посебен осврт беше даден на донесување на Стратегија за управување со јавни финансии, за што ЕК ги поздрави заложбите на Министерството за финансии за што побрзо донесување на овој значаен документ, каде приоритет ќе бидат фискалната консолидација и транспарентност во објавувањето на буџетските податоци. Воедно, ЕК продолжува со поддршката во насока на отпочнување на нов циклус за подготовка на Програмата за економски реформи, која е еден од носечките документи во претпристапниот процес на Република Македонија.

На средбата и двете страни ја потврдија јасната заложба на Македонија за членство во Европската Унија, соопштија од ресорот Финансии.