Заев: Радио-дифузната такса ќе се укине откакот за МРТ ќе се обезбеди стабилно финансирање
Премиерот Заев вели дека тоа ќе се случи откако за Јавниот сервис ќе се обезбеди стабилно финанисрање.

Радио-дифузната такса нема да се укинува пред ребалансот на буџетот. Премиерот Заев вели дека тоа ќе се случи откако за Јавниот сервис ќе се обезбеди стабилно финанисрање.
„Радио-дифузната такса е дел од мерките во медиумите. Ние не можеме ниту да си помислиме денес да ја укинеме, а финансирањето да биде од 1-ви јануари 2018-та година, од новиот буџет. Тоа е недозволиво. Имаме намера МРТ да има стабилно финансирање, кое независно ќе знае, помеѓу први и петти во месецот, парите да легнат на сметка. Таксата ќе биде присутна како Радио-дифузна такса, се до моментот кога буџетот не почне да исплаќа пари кон МРТ“, изјави Заев во вчерашното интервју на јавниот сервис.
Во контекст на најавата за укинување на Радио-дифузната такса, Македонската радио- телевизија ги информира граѓаните дека одлуката за плаќање е сѐ уште во сила и апелира навреме да се подмират долговите за оваа давачка. Во спротивно, јавниот сервис, соопштува дека, согласно законските прописи, Управата за јавни приходи ќе изврши присилна наплата на финаниските средства.
