Германија го одобри преместувањето на своите војници од Инџирлик

07.06.2017 14:32

Одлуката е донесена откако Анкара им забрани влез во базата на пратеници од Бундестагот поради политичко- дипломатски несогласувања.

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел го одобри повлекувањето на германските војници од воено-воздухопловната база Инџирлик во Турција. Во текот на месецов, трупите ќе се преселат во Јордан.

Одлуката е донесена откако Анкара им забрани влез во базата на пратеници од Бундестагот поради политичко- дипломатски несогласувања.

Инџирлик се наоѓа во близина на границата меѓу Турција и Сирија, и има суштинско значење за борбата против терористичката група Исламска држава.