Метео: Продолжуваат променливите временски услови
07.06.2017 14:52
Долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе предизвика благ пад на температурите.

Променливите временски услови во Македонија продолжуваат и во текот на утрешниот ден. На места, особено во јужните региони се очекува појава на нестабилност, повеќе во претпладневните часови.
Долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе предизвика благ пад на температурите.
Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на атмосферата,а потоа следува период на сончево и стабилно време.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
