Телефонски разговор Ципрас- Заев

07.06.2017 15:37

Какошто сооопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му честитал на Заев за стапувањето на функцијата. Двајцата премиери разговарале за развојот на настаните во регионот...

Билатералните односи, спорот за името и евроатлантските интеграции на Македонија биле теми на телефонскиот разговор на македонскиот премиер, Зоран Заев, и премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

Какошто сооопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му честитал на Заев за стапувањето на функцијата.

Двајцата премиери разговарале за развојот на настаните во регионот, понатамошниот развој на односите помеѓу двете земји и за унапредувањето на мерките за градење доверба, кои се од големо значење, стои во соопштението.

Ципрас во разговорот ги подвлекол грчките позиции околу прашањето за името. Истовремено биле дискутирани и европските и евро- атлантските перспективи на Македонија.