Бизнис заедницата бара закони со консултација и помалку менување

07.06.2017 15:42

75 проценти од 180-ина анектирани фрими се изјасниле дека воопшто не биле консултирани при донесување на законите. Најголем проблем во имплементацијата имаат малите и микро бизниси. Коморите во соработка со УСАИД ги филтрираат забелешките. Ќе достават предлози до владата за да му се помогне на приватниот сектор.

Бизнис заедницата бара правна сигурност, поедноставна регулатива и учество во креирање на законите. Постојаните законски корекции, рак рана за во имплементацијата. Од 177 анкетирани фирми, дури 72 проценти се изјасниле дека не биле вклучени во процесот на носење политики од областа во која работат. Коморите и експертите, ги идентификуваат проблемите.

„Дел од овие проблеми се поврзани со недоволна информираност на претпријатијата во определени барања на законите во секојдневното работење и нивниот капацитет во задоволување на тие барања. Проблемите зависат од големината на претпријатијата, еден од главните заклучоци на коморите е дека најголем дел од проблемите лежат во работењето на малите, микро и средни претпријатија. Причината за тоа е нивната неинформираноста за определени законски барања кои произлегуваат од постојаното менување на законите и од нивниот мал внатрешен капацитет за нивно прилагодување со секојдневното спроведување на прописите“, посочи Љубомир Димовски- проект координатор.

Истражувањата за подобрување на законската регулатива биле спроведени кај речиси 92 проценти мали и микро бизниси. Од државата бараат поглема поддршка и достапност до кредити за самофинансирање. Предлозите и сугестиите од проектот на УСАИД, ќе ги адресираат до Владата.

„Бизнисот се жали на две работи, или дека не се консултирани кога се донесува регулативата и законите, или дека понекогаш донесувањето на одредени регулативи и закони трае многу долго и негативно влијаен на бизнисот што се надевам дека со овој проект ќе се развијат бизнисите“, рече Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.

Проектот на УСАИД тежок 1,9 милиони американски долари, според надлежните во изминатите четири години имаше за цел да ги приближи ставовите на коморите и бизнис заедницата, и да го намали притисокот врз компаниите при усогласување на сложените законски прописи.

Сузана Фиданска- Стоевска