Концерт на турскиот етномузичар Омер Фарук Текбилек за старт на Скопско лето
Омер Фарук Текбилек е ѕвездата на годинашното издание на Скопско лето. Звуците на традиционалните инструменти ќе ги пренесе со група во која членуваат музичари од Балканот и од Италија.

Со концертот на турскиот етно музичар со меѓународна кариера Омер Фарук Текбилек, на 21-ви јуни во Македонската опера и балет ќе се отвори 38. Скопско лето. Текбилек, свири на специфични традиционални инструменти неј, саз, тарабука, кавал и зурла. Живее и твори во САД. Ќе настапи со група во која членуваат музичари од балканот и од Италија.
Промовиран и плакатот за фестивалот. Авторот појасни дека изработил транскрипција на познатиот археолошки пронајдок „Божица- мајка“ со графички пристап.
Неколку часа пред почетокот на фестивал, два настана на улица „Македонија“- настапот на Градскиот дувачки оркестар и поставувањето инсталација „Тhink freedom“ на босанската уметница Едина Селешковиќ. На платото пред МОБ, концерт ќе има и словенечката рок- група „Лачни Франц“. Организаторте на фестивалот најавуваат богата програма.
Билетите се по цени од 500 и 600 денари и веќе се во продажба во Македонската опера и балет.
Ана Јосифоска- Тодоровска
