Мјанмар: Исчезна воен авион со 116 луѓе

07.06.2017 17:02

Се верува дека во авионот се наоѓаат членови на семејства на војници кои се наоѓаат во крајбрежни бази.

Авион на војската на Мјанмар со 116 патници и членови на екипажот исчезнал од радарите, а агенциите јавуваат дека биле пронајдени делови од леталото во море.

Се верува дека во авионот се наоѓаат членови на семејства на војници кои се наоѓаат во крајбрежни бази.

Комуникацијата со авионот била загубена во момент кога леталото се наоѓало на околу 20 километри западно од градот Давеј.

Неименуван извор истакнал дека се претпоставува дека се работи за технички проблем, бидејќи времето било добро.