ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Заев да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО без чепкање на идентитетските прашања
08.06.2017 10:33
Според оваа партија, Грција ги повторила црвените линии иако премиерот Заев најавил подобрување на релациите.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на телефонскиот разговор Ципрас-Заев. Според оваа партија, Грција ги повторила црвените линии иако премиерот Заев најавил подобрување на релациите.
Очекуваме Заев да го исполни ветувањето и да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО без чепкање на идентитетските прашања и без да се оправдува, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
