МНР: Граѓаните кои патуваат во Катар да се информираат за можните промени

08.06.2017 10:41

МНР ги советува македонските граѓани, кои патуваат во Катар да се информираат за можните промени и за начинот на нивното патување, поради дипломатската криза што настана помеѓу неколку арапски земји од регионот на Персискиот залив...

Министерството за надворешни работи ги советува македонските граѓани, кои патуваат во Катар да се информираат за можните промени и за начинот на нивното патување, поради дипломатската криза што настана помеѓу неколку арапски земји од регионот на Персискиот залив.

„Иако забраните и рестрикциите во патувањата не се однесуваат на граѓани на други земји кои патуваат во Катар, Министерството за надворешни работи ги советува сите граѓани на Република Македонија, пред патување во Катар, да го контактираат авиопревозникот, да се информираат за можните промени во термините и начинот на нивното патување, a во случај на потреба, да се обратат до Амбасадата на Република Македонија во Доха или директно во Министерството за надворешни работи на Република Македонија“, стои во соопштението на МНР.