Ќе се санира патот Тетово- Јажинце кај Порој

08.06.2017 10:43

Владата ги покрена надлежните институции и агенции за реализација на оваа одлука.

Ќе се санира регионалниот пат Тетово-Јажинце кај село Порој. Владата ги покрена надлежните институции и агенции за реализација на оваа одлука.

Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Тетово веднаш да почнат со расчистување на наносот, се наведува во соопштеникето на Владата, во кое е решено да се вклучи и македонската Армија.

Ќе се надоместат и штетите на земјоделците во овој регион бидејќи со поплавата биле зафатени околу 50 хектари земјоделски површини.