Мјанмар: Пронајдени се тела на жртви во авионската несреќа
08.06.2017 11:06
Најдени се телата на двајца возрасни и едно дете, како и спасувачки елеци, багаж и делови од авионот.

Претставници на вооружените сили во Мјанмар соопштија дека тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар биле пронајдени во Андаманското море.
Најдени се телата на двајца возрасни и едно дете, како и спасувачки елеци, багаж и делови од авионот.
Воен авион на Мјанмар, во кој се наоѓале 104 лица, исчезна вчера меѓу јужниот град Мјелка и Јангон. Во спасувачката операција учествуваат бродови, авиони и хеликоптери.
