Поранешниот директор на ФБИ на „жешко столче“

08.06.2017 11:18

Коми утре ќе сведочи пред Комитетот за разузнавање на Сенатот, кој го истражува руското мешање во изборите во САД.

Поранешниот директор на Федералното истражно биро, Џејмс Коми, кој пред еден месец беше сменет од функцијата од страна на претседателот Трамп утре ќе сведочи пред Комитетот за разузнавање на Сенатот, кој го истражува руското мешање во изборите во САД.

Коми раководеше со истрагата на ФБИ за руското мешање во минатогодишната претседателска кампања и можната соработка на Москва со соработниците на Трамп насочена кон помагање на Трамп со цел да ја порази демократската противкандидатка, поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон.