Макрон повика на дијалог за надминување на катарската криза

08.06.2017 11:48

Француските медиуми пренесоа дека францускиот претседател Макрон телефонски разговарал со лидерите од регионот и повикал на дијалог за нејзино надминување.

Кувајтскиот Емир, Шеик Ас Сабах, си замина од главниот град на Катар, откако таму за катарската криза разговараше со нејзиниот лидер Ал Тани. Лидерот на Кувајт во Доха пристигна од ОАЕ, каде што разговарал со локалните лидери.

Истовремено, француските медиуми пренесоа дека францускиот претседател Макрон телефонски разговарал со лидерите од регионот и повикал на дијалог за нејзино надминување.

Макрон ја напоменал својата посветеност на зачувувањето на стабилноста во регионот како и борбата против тероризмот и финансирањето на сите видови терористички движења.