Северна Кореја: Ново тестирање на ракета со мал дострел

08.06.2017 12:24

Се претпоставува дека станува збор за противбродски крилати ракети со мал дострел.

Северна Кореја изврши нови ракетни тестирања. Војската на Јужна Кореја соопшти дека биле истрелани неколку балистички ракети од источното крајбрежје на земјата, во близина на градот Вонсан.

Се претпоставува дека станува збор за противбродски крилати ракети со мал дострел.

Јапонија исто така, потврди дека биле извршени ракетни проби. Ракетите прелетале околу 200 километри и паднале во Јапонското Море.