Благоја Механџиски - бизнис личност на годината во Југоисточна Европа

08.06.2017 12:58

Престижна регинална награда за македонската веледрогерија „Зегин“ во конкуренција на три илјади менаџери во Белград...

Велат, зад секоја успешна бизнис приказна стои универзалната формула- визија, посветеност и напорна работа. А, успешноста се мери во задоволството на вработените, клиентите и бизнис партнерите. Борбата со секојдневните предизвици наметнати од деловниот свет не е нималку лесна, но вистинските чекори и стратегии неминовно водат кон заслужени признанија.

Ваква успешна бизнис приказна, речиси три децении развива основачот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски. Во конкуренција од три илјади менаџери, избран е за бизнис личност на годината во регионот на Југоисточна Европа. Оваа награда, според Механџиски е успех и за македонија, бидејќи преку неговите фирми земјата е препознатлива во светот.

„Ние сме веќе мултинационална фирма, нашето име е препознатливо по големиот избор, по едукацијата, кадровската опременост, и што е најважно прифатливите цени. Една мала земја да добие такво признание, тука нема фудбалско навивање- тука зборат параметрите, покажаните резултати- тоа го гледа целиот свет“, рече Благоја Механџиски,  претседател на групацијата „Зегин“.

Вели, бизнисот го започнал од „нула“ а денес во неговите фирми има околу три илјади вработени. Во конкуренција на 44 лауреати од регионот, „Зегин“ е добитник на наградата „Бизнис партнер 2017“. Да се биде успешен значи да се биде и општествено одговорен.

„По 23 години за прв пат ја доделуваме наградата бизнис личност на годината. Се гордеам што ќе ја добие посебна личност, тоа е Благоја Механџиски, сопственик на успешните компании- веледрогеријата Зегин, винаријата, тој е и хуманитарец. Производите ги извезува на регионалниот и на мултинационалниот пазар“, изајви Миливое Радовановиќ, генерален директор на Мас медиа Интернационал.

Регионалната награда за најуспешни бизнис партнери им беше доделена на десет компании од регионот. Признанието се доделува според неколку критериуми, како што се професионализмот на фирмата, нејзината долгогодишна соработка со други компании во регионот, квалитетот на производите и на услугите.

Веќе 23 години, овде во Белград се доделуваат регионалните награди за најуспешни бизнис партнери. Годинава признанието бизнис- личност за Југоисточна Европа му припадна на македонски бизнисмен.

 

Андријана Атанасовска