Хан: Формирање царинска унија на „Берлин процесот“ во Трст
08.06.2017 13:10
Хан нагласил дека е важно оваа програма да поттикне нови вложувања во регионот...

Планот на Берлин за Западен Балкан, агендата „Берлин плус“, не е замена за членство во Европската унија, туку само показател за силната посветеност на земјите членки, а особено на Германија, за натамошните инвестиции и ангажмани во регионот, изјави денеска во Белград, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
При тоа, Хан нагласил дека е важно оваа програма да поттикне нови вложувања во регионот. Се претпоставува дека на самитот на „Берлинскиот процес“ закажан за 12-ти јули во Трст, ќе биде формирана Царинската унија на регионот, што според Хан треба да биде составена од пазар од 20 милиони луѓе.
