Бројот на настрадани во терористичките напади во Техеран се искачи на 16

08.06.2017 13:49

Напаѓачите биле ирански државјани, а властите потврдија дека се уапсени шест осомничени, меѓу кои и една жена.

Бројот на загинати во двата терористички напади во Техеран, во зградата на Парламентот и кај мавзолејот на Ајатолахот Хомеини се искачи на 16 лица. Меѓу загинатите се и три жени, додека десетици се повредени.

Напаѓачите биле ирански државјани, а властите потврдија дека се уапсени шест осомничени, меѓу кои и една жена.

Екстремистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападите.