Kонкурс „Напиши писмо со ракопис на срцето“
Купувањетo плик, лепењето марка, чекањето во пошта.Целиот овој ритуал како да стана преголема тешкотија што неможе да ја замени радоста кога во домашното сандаче меѓу купот сметки ќе најдете писмо. Граѓаните признаваат дека одамна заборавиле на овој ритуал.

Агенцијата за пошти ќе го оживува подзаборавениот начин на комуникација. Ќе наградува соконкурс насловен “Напиши писмо со ракопис на срцето”. Услове да е напишанона рака, да не е претходно објавувано и да не содржи повеќе од 500 зборови.
„ Писмата треба да се испратат најдоцна до 14 април 2014 година во пилк на адреса на агенцијата за пошти“ изјави Влатко Атанасоски, директор на Агенцијата за пошти
Конкурсот ќе биде поделен во три категории: првата категорија ќе биде за деца до 12 години, втората за млади до 18 години и третата категорија за возрасните над 18 години. За најдобрите ќе следуваат парични награди, како и збирка литературни дела.
„ Да ги заинтересираме луѓето, читателите, децата и возрасните за пишување писма“
Изјави Весна Дамчевска, уредник на Културната редакција во„Нова Македонија“
Писателот на детска литература Горјан Петревски изрази одушевување од овој проект за кој смета дека ќе успее да го врати писмото како начин на комуницирање и да ја продолжи традицијата на пишаниот збор.
Александра Перевска
