Заливска криза: Турција испраќа војска во Катар

08.06.2017 14:51

Засега не се знае колку турски војници ќе бидат испратени во Катар кој неделава се најде под санкции на регионалните земји предводени од Саудиска Арабија, кои ја обвинуваат официјална доха за поддршка на тероризмот.

Турскиот Парламент усвои закон со кој се овозможува распоредување на војници во турска база во Катар. Законот е усвоен во обид да се поддржи Катар сред блокада во која се наоѓа. По усвојувањето на Законот, нацртот треба да го потврди претседателот на републиката, а ќе стапи на сила откако ќе биде објавен во Службен весник.

Засега не се знае колку турски војници ќе бидат испратени во Катар кој неделава се најде под санкции на регионалните земји предводени од Саудиска Арабија, кои ја обвинуваат официјална доха за поддршка на тероризмот.

Властите потврдија дека 80 турски војници веќе биле испратени во воената база за да подготват распоредување на поголема формација.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше санкциите кои на таа земја неделава ѝ ги воведоа Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и други регионални држави.

Во меѓувреме, Катар ги најави прелиминарните резултати од истрагата за кибер- нападите во државната информативна агенција КНА, кои станаа причина за кризата. Во соопштение на катарското Министерство за внатрешни работи, се посочува дека кибер-нападите почнале во април, еден месец пред да бидат објавени спорните изјави на емирот Ал Тани.

Меѓу објавените изјави, кои се препишуваат на емирот, се и палестинското исламско движење Хамас, кои е претставено како „легитимен претставник на Палестинскиот народ“ и шиитски Иран, опишан како стратешки сојузник во регинот. Телевизијата „СИ-ЕН-ЕН“ јави дека кибер-нападите биле извршени од страна на руски хакери.

 

Марина Автовска