Со „Венецијанскиот трговец“ почнува фестивалот „Војдан Чернодрински“

08.06.2017 15:02

Утревечер во Прилеп се крева завесата на македоснкиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. По 52-ри пат, богатата фестивалска програма ќе понуди 20 претстави, од кои 12 се во конкуренцијата за најпрестижната фестивалска награда- најдобрата театарска претстава. Фестивалот го одразува мигот на македонската теарска продукција, велат организаторите. Публиката пак, очекува нова театарска магија цела недела...

Со претставата „Венецијанскиот трговец“ на Драмски театар од Скопје и со врачување на наградата за животно на Митко Маџунков, утревечер ќе биде отворен 52-от театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. 20 претстави, од нив 12 во официјалната конкуренција за награди, изложби и промоции ќе донесе годинашново фестивалско издание.

Театарската магија може да почне. Градот е подготвен, двете сали во Домот на културата и во прилепскиот Народен театар и се на распогање на публиката која, со петдецениско искуство, знае да го препознае врвниот театарски израз.

На свеченото отворање ќе му претходат две изложби- „Пејзажи на душата“ од Стефан Хаџиниколов и на ДЛУ од Битола.

Мјузиклот „Тајно моја“ на Македонската опера и балет, посветен на Тоше Проески, во чест на наградените на 16-ти јуни ќе го затвори годинашниов фестивал.

 

Елизабета Митреска