Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци
70 години Агнеција за катастар, 40 години студии по геодезија и 10 години од воведување приватна геодетска дејност во Македонија, одбележнани на Регионалната конференција на Катастар за недвижности.

Со воспоставување функционален катастар ќе се гарантираат сопственоста и развојот на пазарот на недвижности, ќе сезголеми бројот на трансакции, ќе се подобри урбанистичкото планирање, а ќе се овозможи и развој на инфраструктурата. За таа цел земјите од регионот од областа на катастарот и инфраструктурата на просторни податоци ќе ги споделат искуствата и знаењата.
„Целиот регион работи на современиот катасатар, се работи на запишување на инфраструктури, скоро сите катастари работат и на масовната проценка на недвижности, тука е и Инспајр иницијативата на ЕУ која не спојува сите и тука на оваа конференција“, изјави Славчо Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
„Сите земји од регионот делат иста историја во сектор на земјишна администрација поради што имаат и слични проблеми. На регионалната конференција ќе размениме искуства и решенија, бидејќи е логично да имаме слични реченија ако имаме слични проблеми“, изјави изјави Жељко Радојчиќ, директорот на Федералната управа за геодетско имотно- правни работи на БиХ.
Од почетокот на годината почна да се имплементира и регионалн проект финансиран од Холандското министерство за надворешни работи. Со овој проект се планира да им се помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на хармонизирање и подобрување на пристапот до геопросторните информации.
„Новата влада планира да се занимава со сериозни и темелни реформи поврзани со катастарот со вкучување на што е можно поголем број на субјекти кои се поврзани со оваа област“, изјави Горан Сугаревски, министер за трнаспорт и врски.
Шведскиот, холандскиот и норвешкиот катастар во изминатите 10 години континуирано го помагаат развојот на катастрите од регионот.
Наташа Јанчиќ
