Корбин ја повика Меј да поднесе оставка

09.06.2017 10:18

Лидерот на Лабуристите побара оставка од Тереза Меј откако гласачите не го засилија нејзиниот мандат на предвремените парламентарни избори.

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин ја повика премиерката Тереза Меј да поднесе оставка, поради загубите, кои ги претрпе нејзината партија на парламентарните избори.

„Таа загуби места на конзервативците, загуби гласови, ја загуби поддршката и довербата. Тоа е доволна причина да си оди и да и го отстапи местото на влада, која ефикасно ќе ги претставува луѓето на таа земја“, изајви лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин.

Меј изјави дека Велика Британија има потреба од стабилност и таа ќе преземе одговорност да ја обезбеди, ако освои најмногу места во Парламентот.

Според излезна анкета, објавена по изборите, конзервативците го загубиле апсолутното мнозинство во Долниот дом на Параламентот. Конзервативците не успеаја да освојат 326 места во парламентот со 650 места така што премиерката Меј ќе мора да се здружи со помала партија.

За 10 дена почнуваат преговорите за Брегзит така што е неизвесно кој ќе го води процесот за излез од Европската унија.