Четири арапски земји објавија список со лица и организации поврзани со Катар и тероризмот

09.06.2017 10:20

На списокот фигурираат духовниот лидер на организацијата „Муслиманско братство“, Јусеф ал Карадави и добротворните фондации „Катар чарити“ и „Еид чарити“...

Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин објавија заеднички список со 59 физички лица и 12 организации, кои, според нив, се поврзани со тероризам, а се стационирани или финансирани во Катар.

На списокот фигурираат духовниот лидер на организацијата „Муслиманско братство“, Јусеф ал Карадави и добротворните фондации „Катар чарити“ и „Еид чарити“, како и политичари, бизнисмени и високи функционеи на владејачката династија.