Коцијанчич: ЗСО да биде формирана колку што е можно побрзо
09.06.2017 11:11
Европската унија очекува Заедницата на српски општини (ЗСО) да се формира колку што е можно поскоро...

Маја Коцијанчич, портпаролка на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, изјави дека Европската унија очекува Заедницата на српски општини (ЗСО) да се формира колку што е можно поскоро.
Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово и актуелен кандидат за косовски премиер, Рамуш Харадинај потенцираше дека, доколку тој биде нов шеф на владата, нема да има место за Заедницата.
