Коми одби да каже дали Трамп направил опструкција на правдата

09.06.2017 11:56

Администрацијата на Трамп и на Обама вршеле притисок врз ФБИ. Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми во сведочењето во Сенатот изјави дека Трамп му рекол дека се надева ќе се откаже од истрагата против советникот за национална безбедност Мајкл Флин и дека државната обвинителка Лорета Линч барала да ја ословува истрагата за и-мејловите на Хилари Клинтон како прашање, а не криминална истрага.

На сведоњето во Комитетот за разузнавање во Сенатот, екс директорот на ФБИ Џејмс Коми одби да каже дали Трамп направил опструкција на правдата и дека тоа го остава на специјалниот истражител Роберт Милер. Коми потврди дека претседателот Доналд Трамп му рекол дека се надева дека ќе се откаже од истрагата против советникот за национална безбедност Мајкл Флин и дека побарал од него лојалност. Тој направил забелешки од сите средби и телефонски разговори со Трамп и го известил највисокото раководство во ФБИ, но истрагата продолжила без притисоци од Белата куќа и Департментот за правда.

„Наша апсолутна приоритетна загриженост беше дека не смееме да влијаеме на тимот што истражува. Не сакавме агентите и аналитичарите што работат на истрагата да знаат дека претседателот на САД побарал, а тоа доаѓајќи од него го сфаќам како директива, да се откажеме од истрагата, затоа решивме да не им кажеме на агентите“, изјави Џејмс Комипоранешен директор на ФБИ.

Коми за првпат јавно соопшти дека поранешната државна обвинителна назначена од Обама, Лорета Линч побарала да се нарекува истрагата за и-мејловите на Хилари Клинтон како прашање, а не криминална истрага и дека по нејзината средба со екс претседателот Бил Клинтон морал да даде изјава во јавноста.

„Морав да направам нешто одвоено за да го заштитам кредибилитетот на истрагата на ФБИ и на Департментот за правда“, рече Коми.

Коми призна дека забелешките од средбата со Трамп за Флин ги дал на добар пријател за да тој ги даде на медиумите зошто сметал дека американската јавност има право да биде запозната и дека тоа ќе предизвика независна истрага.

Поранешниот директор на ФБИ изјави дека е лага дека бил отпуштен поради лошата работа, туку дека бил отпуштен поради истрагата за руското влијание врз изборите.

 

Ирина Гелевска, постојан допиник од Вашингтон за МРТ