ВМРО-ДПМНЕ: СДС е опседнат со уривање, блокирање и укинување
Од оваа политичка партија велат дека тоа што Заев ќе ја урива оградата од владата или ќе ја укине програмата Кембриџ, нема да помогне на економски план каде вети 16.000 денари минимална и 30.000 денари просечна плата.

СДС е опседнат со уривање, блокирање и укинување. СДС треба да ја надмине оваа опсесија со антиреформи и конечно да почне да работи на реализација на ветувањата кои им ги дадоа на граѓаните, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Од оваа политичка партија велат дека тоа што Заев ќе ја урива оградата од владата или ќе ја укине програмата Кембриџ, нема да помогне на економски план каде вети 16.000 денари минимална и 30.000 денари просечна плата. Тоа што Заев сака да се спаси од одговорност за криминалот со покренување на постапка за смена на Јавниот обвинител нема да им помогне на докторите да добијат плата од 100.000 денари како што им беше ветено. Со испорачувањето закани за реизбор на судиите, Заев можеби ќе се одмазди за сите пресуди против министрите-криминалци во неговата влада, но тоа нема да им помогне на граѓаните кои бараа продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци. Граѓанската иницијатива беше отфрлена од мнозинството на СДС- стои во дописот.
Од партијата велат дека добро е што СДС се обидува да продолжи дел од проектите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи парите кои останаа во буџетот се токму за исплата на субвенции, покачени пензии и стипендии и нагласуваат дека граѓаните од СДС очекуваат реализација на новите проекти кои ги ветуваа.
